Одговори на често поставувани прашања

Што е Фалун Дафа или Фалун Гонг?

Фалун Дафа, познат и како Фалун Гонг, е древна метода за култивирање на дух и тело, која што потекнува од предисторијската Кина. Практиката на Фалун Гонг содржи лесни и благи вежби и медитација. Лесно се учи, пријатна е за практикување и бесплатна. Централната компонента на практиката на Фалун Гонг е проучување на универзалните принципи на вистина, добродушност и толеранција.

Кој е Ли Хонгџи?

Ли Хонгџи ја претстави практиката на Фалун Дафа во јавноста во Кина 1992. година. Следните две години ја подучуваше практиката во јавност, а потоа практиката продолжи да се шири воглавно од човек на човек. Соодветно со кинеската традиција, Ли Хонгџи понекогаш од респект се ословува со Учител. Ли Хонгџи нема никаков посебен третман, ниту прифаќа пари или донации од учениците на Фалун Дафа. Ли Хонгџи ја изнесе оваа метода во јавност и така овозможи да им биде достапна на сите луѓе. Ли Хонгџи во последните неколку години од време на време одржувал јавни предавања во разни земји, вклучувајки ја Австралија, Швајцарија, Канада и САД.

Кој практикува Фалун Дафа и какви се ефектите на Фалун Дафа?

Фалун Дафа го практикуваат луѓе од сите старосни групи, од разни култури и професии во повеќе од 60 земји во светот. Скоро секој што практикува Фалун Дафа може да посведочи за значително подобрено здравје, смален стрес и зголемен ниво на енергија.

Јас би сакал да го испробам Фалун Дафа или да научам нешто повеќе за него? Како можам да почнам

Сите групи за вежбање нудат бесплатни инструкции и секој е добредојден. Во Фалун Дафа во вашиот град можете да побарате волонтерска контакт особа во ваша близина. Сите материјали се на располагање на интернет: Фалун Дафа книги и аудио и видео материјали. Книгите со инструкции за вежбање и видео-касетите можат да се нарачаат и преќу интернет: https://tiantibooks.org. Повеќе за тоа како можете да почнете прочитајте во: Како да започнете.

Како и каде можам да купам Фалун Дафа книги и видео со инструкции за вежбање?

Издавачката куќа Universe Publishing (Yih Chyun Corp.) објавува и дистрибуира книги и аудио и видео материјали во врска со Фалун Дафа (Фалун Гонг) на англиски и други јазици, така да можете да нарачате книги кај нив. Нивната интернет страница е: https://tiantibooks.org. Инаку сите книги и текстови на Учителот Ли Хонгџи можете да ѓи најдете и на интернет: Фалун Дафа книги.

Информации за ситуацијата во Кина

Можеби веќе сте слушнале за бруталниот прогон кои последниве години ги задеси практикантите на Фалун Дафа во Кина. Што навистина се случува и зошто кинескиот режим така брутално прогони една практика која е очигледно мирољубива и не представува никаква опасност? Се надеваме деќа ќе можеме да ви помогнеме да пронајдете одговор на овие прашања.

Позадина

Како прво, важно е да се нагласи деќа кинеската влада, со која управува Комунистичката парија, е званично атеистична, така да се што е од духовен карактер, најблаго кажано не е подржувано, а често е и забрането, затоа што не е во согласност со комунистичката идеологија. Во држави со слободно избрани влади, слободата на верувањето се сматра за едно од најосновните човекови права, меѓутоа, во Кина, тоа темелно право ретко е заштитено.

Настани

На 25. април 1999., повеќе од 10.000 практиканти на Фалун Дафа одржаа легален, мирен собир во Пекинг, пред комплексот на кинеската влада - Чонгнанхаи. Причина за собирот беа вестите за примена на насилство врз практикантите на Фалун Дафа во градот Тианѓин од страна на кинеската полиција, како и забраната на објавување на Фалун Дафа материјалите. Собирот беше сосема мирен и учесниците на собирот си отидоа дома, откако претставници на практикантите го изнесоа случајот пред тогашниот премиер на Кина, Џу Ронгџи.

Овој настан очигледно го шокираше кинескиот режим, оти не очекуваа дека толку луѓе наеднаш можат да се соберат во центарот на главниот град. Тоа беше прв пат после масакрот на студентите на плоштадот Тиананмен 1989. година толку луѓе да се соберат да апелираат на владата. Реакција на владата на тој одреден инцидент беше брутална.

Во ноќта на 19. јули 1999. полицијата насилно упадна во становите и куќите на стотици практиканти и ги одвлече во затвор.

Следниот ден, Фалун Дафа званично е прогласен за илегален во Кина. Од тој момент Комунистичката партија започна масивна кампања за да се потисне и уништи Фалун Дафа. Медиумите, кои се под државна контрола работеа прекувремено за во јавноста да прошират погрешни информации за Фалун Дафа, а преку кинеските амбасади во странство, оваа пропаганда исто така е проширена и надвор од Кина. Целта беше да се обмане јавноста и да се прикријат масовните кршења на човековите права на практикантите на Фалун Дафа, од кои илјадници беа уапсени, преслушувани и мачени во притвор.

До денешниот ден, кинескиот режим ги користи сите можни методи за да ги тероризира практикантите на Фалун Дафа и за да ги натера да се откажат од својата вера. Режимот со закани и жестоки казни го нахушка друштвото и луѓето едни против други и илјадници луѓе ја изгубија работата и својот дом.

Милиони на Фалун Дафа книги и други материјали беа јавно запалени и уништени. Пристапот на сите интернет страници во врска со Фалун Дафа е блокиран во Кина, а оние кои што надвор од Кина ќе испратат информации за пребивањата и мачењата, кои што ги доживеале во затвор, се осудуваат поради "издавање на државни тајни". На практикантите на Фалун Дафа им е одземено правото на адвокат, а многу од нив се осудени на затворски казни до 18 години затвор во наместени и тајни процеси. Илијадници други без каков и да е судски процес се депортирани во работни логори.

Што е ушто полошо, многу практиканти на Фалун Дафа се затворени во психијатријски болници и на сила им даваат јаки дроги који што предизвикуваат озбилни оштетувања на нивните тела и психата. Ова е тактика што е користена во Советскиот Сојуз во време на Сталин, и на тој начин јавноста покушава да се убеди дека жртвите се ментално болни и дека заслужуваат да бидат затворени.

До денешниот ден постојат повеќе од документирани случаји на инаку здрави практиканти кои биле убиени или мачени до смрт во затворите и работните логори.

Во овие години на насилство и мачења, практикантите на Фалун Дафа покажаа невидена толеранција и добродушност. Тие не ги возвраќаат удирите, ниту на друг начин физички им се спротиставуваат на полицајците. Ширум светот, сите практиканти во своите апели се служат само со ненасилни, мирни и легални методи. Оваквото понашање, наспроти такви мачења и неправди, кои се случуваат во толку големи размери, јасно на целиот свет му ја прикажаа мирната и добродушната природа на Фалун Дафа.

Како можете да помогнете

Најдобар начин да помогнете е луѓето околу себе да ги информирате за тоа што е Фалун Дафа. Кажете им деќа се работи за практика која се базира врз традиционалните мудрости и која им помага на луѓето да се стекнат со подобро здравје и мирен дух. Најјакото оружје што го користи кинескиот режим против сите спиритуални пракси е да ги нарече "секти", затоа што деградувачкото значење на тој збор често е доволно за да створи недоверба и страв кај луѓето. Кога се работи за Фалун Дафа, таква ознака е сосема неточна. Практикантите водат нормален живот и активно се ангажираат во своите животни средини. Практикувањето е личен избор и има за централна компонента подобрување на самиот себеси. Нема никакви обврски и секој е слободен да почне и престане со практикувањето кога сака. Фалун Дафа поточно може да се нарече "култивацијска практика", што е поим кој нас на запад можеби ни е нов. Многу други пракси на само-култивација слични на Фалун Дафа беа практикувани во Кина со векови, затоа што на безбројни генерации им давале здравје, мудрост и мирен дух. Кога ние на запад подобро ќе се запознаеме со овие методи, и нашиот вокабулар за нив ќе се прошири.

Исто така информирајте ги луѓето околу вас за тоа што се случува во Кина. Пишувајте им на вашите политичари, за да видат деќа нивните граѓани се загрижени поради ситуацијата со човековите права во Кина.

"Ние не сме против владата ниту сега, ниту ќе бидеме во иднина. Други луѓе нас можат да не третираат лошо, меѓутоа ние другите не ги третираме лошо, ниту ги третираме луѓето како непријатели."

"Ние ги повикуваме сите влади, меѓународни организации и луѓе со добра воља ширум светот да ја прошират својата подршка и да ни помогнат за да ја решиме сегашната криза која се случува во Кина."

- Ли Хонгџи, 22. јули 1999.

За повеќе информации за ситуацијата во Кина: